Сари останува со Лацио до 2025

109

Маурицио Сари се согласил да го продолжи договорот со Лацио до 2025 година, пренесуваат неколку италијански медиуми вклучувајќи го и угледниот „Кориере дело Спорт“. Поранешниот тренер на Наполи дојде во Лацио минатото лето и го предводеше до петтото место и избори место во Лигата на Европа.
Договорот наскоро ќе биде потпишан, а Сари ќе има годишна плата од 3,5 милиони евра. Во новиот договор ќе биде тргната клаузулата според која стратегот ќе може да си оди како слободен доколку добие понуда од странски клуб.
Инаку Лацио по завршувањето на сезоната остана без неколку играчи: Стракоша, Лукас Леива и Жорж Силва заминаа како слобони фудбалери. А откупен е договорот на Матија Закањи од Верона.

ПретходноХерта има нов тренер
СледноБајрами официјално тренер на МЃП до 2024