Селекторот на Украина пред мечот со Шкотска: После ракети и бомби веќе од никого не се плашиме

252

На 1 јуни ќе се одигра последниот меч од плеј-офот за пласман на СП 2022 на кој ќе се сретнат Украина и Шкотска. Победникот ќе игра со Велс за место на Мундијалот.
Селекторот на Украина Александар Петраков вели дека неговиот тим не се плаши од никого после она што го доживеале фудбалерите изминатите месеци.
На стадионот Хемпден парк ќе има неверојатна атмосфера. Меѓутоа после ракети и бомби ние веќе од никого не се плашиме, па ни од Шкотска“, изјави Петраков кој зборуваше за рускиот напад врз Украина и за Германците и Американците.

Велат дека сме второкласна нација. Јас изразнав и живеев во Советскиот Сојуз. Не можам да поверувам како луѓето кои ни беа браќа, со кои спиевме, јадевме, сакаат да не убијат. Од друга страна, Советската пропаганда не учеше дека Германците и Американците се нашите непријатели. А јас сум им благодарен за нивната поддршка“, додаде Петраков.

ПретходноГолден Стејт се пласира во големото финале
СледноИграч на Севиља ќе биде првиот трансфер на Челзи во ерата на новиот сопственик