Херта има нов тренер

282

Откако и официјално тимот на Херта обезбеди опстанок во Бундес лигата, менаџментот одлучи да направи промени и да постави нов тренер. Тоа е досегашниот кормилар на тимот на Динамо Москва, Сандро Шварц, кој откако ќе ги заврши активностите во Москва претстојниов викенд ќе се упати кон Берлин за да ја завери веќе договорената соработка.

Шварц ќе го замени Феликс Магат кој седна на клупата на Херта на сред сезона за да се избори опстанок, што е и остварено, а јавноста во Германија е помалку скептична околу изборот на Шварц затоа што тој има реално скромно искуство во водење на клуб во најдобрата германска лига. Беше на чело на Маинц во периодот од 2017 до 2019 година.

 

ПретходноЗа една недела, нови пет милиони денари кај играчите на видеолотарија со минионер и мини џек пот
СледноСари останува со Лацио до 2025