Црвена Звезда поведе против Партизан во АБА-финалето

91

Црвена Звезда го доби првиот финален натпревар во АБА-лига против лутиот ривал Партизан, славеше со убедливи 90-76 и покажа зошто и оваа сезона е главен фаворит за титулата.Партизан имаше подобар старт поведе со 19-23 по првата четвртина, но потоа следеше целосен пресврт и тек на натпреварот. Кошаркарите на Црвена Звезда на одморот заминаа со предност од 42-39. Веќе во третиот период само потврди дека на оваа средба ќе има само едно сценарио, истиот го доби со 24-19 и зачкори кон победата.

Ивановиќ со 18 поени, Добриќ и Митровиќ со по 14 поени беа први стрлеци. На другата страна Кевин Пантер имаше 15 поени.

ПретходноИталијанецот Купер не е веќе дел од “Лавовите“!
СледноТитулата во Португалија за Митревски и Порто!