Четворица тренери ќе предводат репрезентација на СП 2022

281

Фудбалската асоцијација на Гана објави дека четворица тренери ќе го предводат националниот тим до декември 2022 година. Тоа значи дека четворицата ќе бидат на чело на репрезентацијата на Светското првенство во Катар кое ќе се одигра во ноември и декември со цел да се излезе од групната фаза во која се уште Португалија, Уругвај и Јужна Кореја.
На клупата на репрезентацијата се поставени Ото Адо, Крис Хатон, Џорџ Боатенг и Масуд Диди Драмани.
Со оглед на тоа дека само еден треба да фигурира како селектор, ќе треба да се договорат кој ќе биде ставен на хартија иако се знае дека тројцата паралелно ќе го водат националниот тим.

ПретходноМладиот талент на Бугарија: Не треба да се плашиме од репрезентација како Македонија
СледноЗахариевски ја продолжува соработката со Струга ТЛ!?