Ѓоковиќ рутински до осминафиналето на Ролан Гарос

87

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со сигурна и рутинска игра се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос.

Првиот носител на турнирот во Париз беше подобар од Словенецот Аљаж Бедене во три сета со резултат 6:3, 6:3, 6:2.

Во следното коло, Ѓоковиќ ќе игра против Аргентинецот Диего Шварцман, кој претходно во текот на денот убедливо со 3:0 (6:3, 6:1, 6:2) го победи Бугаринот Григор Димитров.

ПретходноРистоски и следната сезона ќе „жнее“ трофеи со Ал Рајан
СледноБугаринот Христов и следната сезона во дресот на Тиквеш