Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска го одигра вториот контролен дуел против соодветната селекција на Австрија на гостински терен.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа одличен натпревар, имаа предност, но не успеаа да остварат победа. Противникот успеа во последните 10 минути од средбата да постигне погодок од белата точка.
Во 54. минута, Ливарека конечно погодува, по одличниот пас од Назифи за предност на Македонија од 1:0
Противникот со гол од пенал во 80. минута ги постави конечните 1:1.
МАКЕДОНИЈА: Петар Јакимов, Абиола Бамијоко, Марко Стојилевски, Кире Стојанов, Мартин Ѓоргиевски (к), Дестан Адили, Андреј Аризанкоски, Касим Јакупи, Ѓорги Дошев, Фикрет Ливарека, Тео Николовски;