Maкедонија У17 одигра нерешено со Австрија на вториот контролен меч

156

Младата репрезентација на Македонија до 17 години денеска го одигра вториот контролен дуел против соодветната селекција на Австрија на гостински терен.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа одличен натпревар, имаа предност, но не успеаа да остварат победа. Противникот успеа во последните 10 минути од средбата да постигне погодок од белата точка.

Во 54. минута, Ливарека конечно погодува, по одличниот пас од Назифи за предност на Македонија од 1:0

Противникот со гол од пенал во 80. минута ги постави конечните 1:1.

МАКЕДОНИЈА: Петар Јакимов, Абиола Бамијоко, Марко Стојилевски, Кире Стојанов, Мартин Ѓоргиевски (к), Дестан Адили, Андреј Аризанкоски, Касим Јакупи, Ѓорги Дошев, Фикрет Ливарека, Тео Николовски;

ПретходноПариската полиција на готовс: Доаѓаат 60.000 навивачи на Ливерпул
СледноТиаго Алкантара и Фабињо летнаа за Париз, дали ќе играат на утрешното финале?