Бутел донесе засилување од Вардар

173

Македонските ракометни суперлигаши полека ги склопуваат ростерите за следната сезона. Екипата на Бутел Скопје денеска информираше дека се засилува со централниот бек на Вардар, Стефан Крстевски.

Крстевски потпиша договор на една сезона. Станува збор за 23-годишен среден бек (189/83) кој потекнува од Преспа, а една сезона играше и за Работнички.

„Мојата одлука да се преселам во тимот на Бутел Скопје беше исклучително лесна. Гледам голем простор за мојот напредок како играч во овој амбициозен клуб.Со повеќето играчи сум играл во минатото и мислам дека токму тие ќе бидат од голема помош во моето вклопување и адаптација во тимот. Бутел има големи амбиции и очекувам уште една успешна сезона, како во македонските конкуренции, така и на меѓународна сцена“, изјавил Крстевски.

ПретходноДортмунд го купува талентот на Манчестер Сити
СледноБојан Трајковски останува во Феникс 2010 и во следните две сезони