Ракометниот вицешампион Еурофарм Пелистер предмалку објави уште еден трансфер. Битолскиот состав ќе биде посилен за уште еден репрезентативец на Македонија. Во новата сезона дресот на Е. Пелистер ќе го носи репрезентативниот кружен напаѓач Жарко Пешевски. Овој ракометар се враќа во македонското првенство по настапите за Штутгарт во Бундеслигата.
31-годишниот Пешевски потпиша тригодишен договор и ќе биде претставен пред стартот на подготовките за следната сезона.
Пешевски е шесто ново име во Еурофарм Пелистер за сезоната 2022/23. Претходно во Битола се преселија и Урбан Лесјак, Усама Хосни, Вилсон Дејвис, Руди Сери и Дмитри Васиљев.