Младиот талент на Бугарија: Не треба да се плашиме од репрезентација како Македонија

2357

На 2 јуни во Разград ќе се соочат репрезентациите на Бугарија и Македонија во рамките на 1 коло од групната фаза на Лигата на нациите. Еден од оние кои се дел од бугарскиот национален тим е Филип Крастев, кој е во сопственост на Манчестер Сити, а игра за Левски. Тој зборуваше за претстојните натпревари со Македонија и Грузија.
Имаме квалитет и сила за да ги добиеме следните два меча. Ние не сме тим кој никако не треба да се плаши од тимови како Македонија или Грузија. Изминатите години беа тешки за нас, не победувавме, меѓутоа сега се надевам дека работите ќе се променат и ќе ја вратиме славата на Бугарија. Го заслужуваме тоа“, изјави Крастев.

ПретходноДринквотер замина од Челзи: Мојот трансфер е деловен потег кој тргна наопаку
СледноЧетворица тренери ќе предводат репрезентација на СП 2022