Младите се собраа, откажа и Игњатов

1279

Македонската репрезентација до 21. година на чело со селекторот Драган Канатларовски денеска во  хотелот „Парк“ во Скопје ја имаше официјалната прозицка по повод квалификациските дуели против Ерменија во Скопје односно Украина во Истанбул.

Нашите млади фудбалери имаат за задача во позитивна насока да го завршат тековниот квалификациски циклус, а потоа на двата пријателски мечеви во Скопје против Босна. Поточно, на 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, ќе одиграме меч против Украина во Истанбул, Турција.

Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.

Што се однесува пак до самиот состав, и дополнително поивиканиот Леон Игњатов откажа поради повреда на ложата, додека пак Адријан Хајдари односно Златков имаат клупски обврски викендов па ќе се приклучат во понеделник.

 

ПретходноПочнува битката за финале: Ќе има ли изненадување?
СледноАтанасов прослави куп титула со знамето на Македонија