Наполи донесе лев бек од Уругвај

147

Наполи објави дека нов нивен фудбалер е левиот бек Матијас Оливера кој доаѓа од редовите на Хетафе. Само неколку часа претходно клубот потврди дека Андре Замбо Ангуиса останува на „Сан Паоло“ со перманентен договор, а сега уругвајскиот репрезентативец доаѓа како засилување на бековските позиции.
Оливера има 24 години, помина пет сезони во Хетафе со краток престој во Албасете како позајмен.
Инаку тој ја почнал кариерата во Национал од Уругвај со кого ја освои титулата во 2015/16, а потоа замина во Хетафе.

ПретходноЗахариевски ја продолжува соработката со Струга ТЛ!?
СледноФулам влезе во Премиер лигата, па остана без седум играчи