Одбојкарите пристигнаа во Галаци, прават тактика за втора победа

142

Македонската одбојкарска репрезентација пристигна во Галаци, каде утре ќе го одигра и вториот меч во првата фаза од новото издание на Европската сребрена лига.

Со утрешна победа над Романија, македонските одбојкари со една нога ќе зачекорат кон финалниот турнир на ова европско натпреварување.

„Ме радува тоа што ја издржавме годинашната премиера иако знаевме дека се е во наши раце и дека двајца стандардни играчи со идентични работни обврски на теренот воопшто не се во составот и не можат да ни помогнат доколку има потреба за тоа. Можеби имаше мала нервоза, но тоа е во дозволени рамки, така што сега мислам дека ќе ни биде полесно од психолошки аспект без разлика што противникот е поквалитетен и игра на домашен терен“, вели примачот на македонската репрезентација Стојан Илиев.

За силата на Романците нема никаква дилема. Тие со 3:1 во првото коло ја совладаа Албанија во Тирана, а имаа и повеќе време за подготовка. Сепак, нашите момци со оптимизам се надеваат на краен успех на утрешниот дуел.

ПретходноМуслиу: Желбата да се игра за репрезентацијата е поголема од одморот
СледноДамјан Шишковски: Македонија на секој меч ќе оди на победа!