Почнува битката за финале: Ќе има ли изненадување?

87

Денеска стартува битката за место во финалето. МЗТ Скопје, ТФТ, Пелистер и Еуро Никел се четирите екипи кои се борат за трофејот. Бранителот на титулата, тимот од Аеродром на патот кон одбрана на тронот го има стариот должник, ТФТ.

Тимот од Тафталиџе оваа сезона успеа да им земе една круна, беше подобар во Купот на Македонија, па сега сонува за нов сензационален резултат. Но, нема да биде така лесно. МЗТ Скопје во налет, по поразот на стартот на Супер-лигата од ТФТ, реди победи, и тоа убедливи. Па ТФТ, кој игра променливо ќе треба да биде на едно повисоко ниво. Предноста на домашен терен ја има МЗТ Скопје, мечот е закажан со почеток во 19 часот.

Половина час порано, Пелистер е домаќин на Еуро Никел. Оваа сезона, битолчани доминираат во пресметките со кавадарчани, но и самите се свесни дека имаат незгоден противник пред нив. Кошаркарите на Еуро Никел кога сите ги отпишаа од битката за место во плеј-оф се издигнаа и се изборија за местото кое го заслужуваат, па нема да биде чудо ако направат сензационален чекор и во полуфиналето.

ПретходноФулам влезе во Премиер лигата, па остана без седум играчи
СледноМладите се собраа, откажа и Игњатов