Ристоски и следната сезона ќе „жнее“ трофеи со Ал Рајан

183

Поранешниот македонски одбојкарски репрезентативец и селектор, Жарко Ристоски, по исклучително успешната сезона на клупата на катарски Ал Рајан реши да не ја менува средината. Ристоски минатата сезона со Ал Рајан се закити со три трофеи, а плодната сезона ќе му донесе и нов договор.

По враќањето во Скопје, тетовецот не крие дека има отворен договор со Ал Рајан и по се изгледа ќе ја прифати понудата да остане на клупата на катарскиот освојувач на двојната круна.

„Официјално се уште не сме се договориле, но имам отворена понуда од Ал Рајан. Ако не се промени нешто драматично, ќе останам таму и следната сезона“, потврди Ристоски.

Екипата на Ал Рајан под водство на Ристоски минатава сезона стана и освојувач на Арапскиот тимски шампионат.

ПретходноЖарко Пешевски е ново засилување за Е. Пелистер
СледноЃоковиќ рутински до осминафиналето на Ролан Гарос