Претходните денови во Италија се пишуваше дека Рома сака да ги уништи плановите на Интер за Дибала, дури и Франческо Тоти изјави дека го убедувал да го засили тимот на Жозе Мурињо. Но, се чини дека раководството на тимот тргна по нешто поголемо – Кристијано Роналдо.
Оваа информација ја пренесува „Il Messaggero“, според италијанскиот новинар специјализиран за трансфери, изворот е прилично сигурен.
Секако, работата е далеку од реализација, бидејќи засега не се познати плановите на Роналдо со новиот тренер на Јунајтед, Ерик тен Хаг. И покрај тоа што холандскиот стратег зборуваше дека напаѓачот ќе остане во клубот, тоа би можело да се промени преку ноќ.
Во тимот од „Олд Трафорд“ во последните година дена владее хаос, па никој не може да тврди што ќе се случи ова лето. Претходно англиските медиуми пишуваа за тепачка во соблекувалната, што пак може да влијание на одлуката на Роналдо по втор пат да го напушти тимот.
Рома веќе стапиле во контакт со Португалецот, кој е желба на Жозе Мурињо, кој на овој тим му го донесе првиот европски трофеј во историјата, сега сака да има посилен тим за следната сезона.
Со нови имиња како Дибала, Роналдо, Рома ќе има поинаков лик во новата сезона, а двајцата Португалци заедно соработуваа во Реал, па сега ќе имаат поинаква задача, да го вратат италијанскиот клуб на врвот во Серија А.