Со две големи шанси, но без гол, заврши првото полувреме од големото финале во Лигата на шампионите. Ливерпул – Реал (М) 0:0.
Момците на Јирген Клоп го отворија мечот со силен притисок пред голот на Реал (М). Шпанците почнаа повлечено и им дозволија на Англичаните целосна доминација. Ливерпул во првите 20 минути веќе имаше 4 директни шута кон голот на Куртоа и една извонредна шанса преку Садио Мане во 20. минута, која Куртоа успеа да ја одбрани со врвот на прстите и да не дозволи водство за „црвените“.
CHANCE!
Sadio Mané’s shot is deflected unto the post by Thibaut Courtois#UCL | #UCLfinal
pic.twitter.com/6Ch6tAZNk6— Fast Football Goals (@fastfootygoal) May 28, 2022
По 25-тата минута Реал како да се ослободи од првичниот притисок и заигра малку поофанзивно. Сепак, момците на Анчелоти скоро и да не успеаја да шутнат кон голот на Алисон. Ливерпул продолжи со притисок од кој се создадоа уште две одлични шанси, но гол не видовме.
Највозбудливо беше во завршницата на првиот дел кога Бензема искористи една мешаница пред голот на Алисон, успеа да ја протне топката во мрежата на Англичаните, но по долго прегледување на ВАР голот беше поништен поради офсајд.