Абрамович се збогува со Челзи: Беше чест да се биде дел од овој клуб

261

Челзи официјално има нов сопственик. Тоа е Том Боли, па клубот од Стемфорд Бриџ ќе започне нова ера. Претходниот сопственик Роман Абрамович одлучи да го продаде клубот по руската инвазија врз Украина. Рускиот тајкун мораше да замине од Обединетото Кралство и да го продаде клубот на друг бизнисмен.

Со сопственоста на овој клуб доаѓа и голема одговорност. Откако дојдов во Челси пред речиси 20 години, од прва рака видов што може да постигне овој клуб. Мојата цел беше да се осигурам дека следниот сопственик има начин на размислување што ќе овозможи успех на машкиот и на женскиот тим, како и волјата и желбата да продолжат да ги развиваат другите клучни аспекти на клубот, како што се академијата и фондацијата Челси. Драго ми е што оваа потрага сега е успешно завршена. Додека го предавам Челси на неговите чувари, би сакал да им посакам многу успех, како на теренот, така и надвор од него.

Беше чест да се биде дел од овој клуб – Би сакал да им се заблагодарам на сите поранешни и сегашни играчи на клубот, на персоналот и секако на навивачите за овие неверојатни години. Горд сум што, како резултат на нашите заеднички успеси, милиони луѓе сега ќе имаат корист од новата добротворна фондација што се формира. Ова е наследството што го создадовме заедно“, порача Абрамович.

ПретходноКанада и Финска ќе се борат за светското злато во хокеј
СледноКаков татко – таква ќерка: Седлоски жнеат титули!