Џорџ Балдок, десниот бек на Шефилд Јунајтед во иднина ќе игра за репрезентацијата на Грција. Иако е роден во Бакингем, Англија, нема игра но за грчки клубови, ниту го зборува јазикот, сепак, доби повик од грчкиот селектор за настап за националниот тим на оваа земја.
Балдок успеа да пронајде предок од Грција. Неговата баба е Гркинка, па со тоа може да игра за Грција.
„Голема чест ми е да ја претставувам Грција. Голема чест е за мене и за мојата фамилија. Подолго време оваа идеја постоеше како можност, а сега е реализирана. Пред мене е возбудлив период“, изјави Балдок.
Балдок ја почнал кариерата во МК Донс, играл и за Нортемптон, Оксфорд, Тамворт…