Давид Бабунски: Треба да продолжиме да се развиваме и да го потврдиме нашиот квалитет

166

Давид Бабунски, еден од репрезентативците на Македонија ќе биде дел од претстојните четири меча од Лигата на нациите. Првиот предизвик е Бугарија на 2 јуни во Разград.
Ова е нов предизвик. Треба да продолжиме да се развиваме и да го потврдиме нашиот квалитет. Стигнавме до ситуација кога Македонија се гледа како фаворит во една група што не беше случај претходно. Тоа е благодарение на нашите резултати и настапи во квалификациите и претходните Лига на нации“, вели Бабунски.

Селекторот Благоја Милевски кажа дека ќе им даде шанса на сите кои се во тимот, што тоа значи за играчите кои условно добиваа помала минутажа.
Тоа е супер. Одлична шанса за сите оние кои имаа мала минутажа да покажат дека можат да играат за репрезентацијата. Тоа е шанса да ги покажат своите квалитети и да потврдат дека можат да дадат допринос“, вели нашиот репрезентативец.

Македонија игра со Бугарија и Гибралтар во гости, а потоа со Грузија и Гибралтар на домашен терен.
Сите репрезентации одат со намера да победат, па така и ние. Ќе одиме на победа на секој натпревар. Што се однесува до напорната сезона и колку тоа може да влијае врз играчите, мислам дека ова е наша професија и  привилегија e да се игра за националниот тим и треба да дадеме се од себе затоа што еднаш ова ќе престане. Затоа треба да го користиме секој момент, да уживаме, да напредуваме и да донесеме радост на нашиот народ“, вели играчот на Дебрецин.

ПретходноТопката од финалето на ЛШ ќе оди на аукција, средствата одат во хумани цели
СледноСерафимов за мечот со Бугарија: Не сме фаворити, шансите се изедначени