По поразот во финалето во Купот на Хрватска протов Хајдук, тимот на Ријека за кој настапува македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски остана без тренер. Досегашниот кормилар Горан Томиќ спогодбено си заминува од оваа функција и на негово место ќе седне некој друг, засега не е познато името на неговиот наследник.
Оваа промена нема да влијае на нашиот репрезентативец. Според најавите Велковски најверојатно го одигра последниот меч во дресот на Ријека. Неговиот договор со хрватскиот тим заврши, па шансите да ја промени средината се големи. Тој веќе има неколку понуди, останува да видиме каде ќе ја продолжи својата кариера.
Велковски во хрватскиот тим дојде во 2018 година од тимот на Вардар, претходно го носеше дресот на Работнички.