Драма на Истокот: Ќе се игра „мајсторка“, Џими Батлер „гореше“ (ВИДЕО)

348

Бостон имаа голема шанса да заверат финале, но неверојатниот Џими Батлер не им дозволи, го предводеше Мајами до победа за 3-3 во плеј-оф серијата. Неговиот тим славеше со 111-103, па мајсторка ќе го одлучи патникот во последната фаза во битката за шампионскиот прстен.

Батлер мечот го заврши со 47 поени, девет скока и осум асистенции, едноставно беше незапирлив.

Бостон имаше шанса, на пет минути до крајот можеше да се врати, на две минути до истекот на регуларниот дел, Браун промаши две слободни фрлања, а Мајами казни. При резултат 99-99, Батлер и Такер направија серија од 6-0 која беше одлучувачка за крајниот исход.

Покрај Батлер добра партија пружи и Лаури со 18 поени и 10 асистенции. На другата страна Татум имаше 30 поени, недоволни за пласман во големото финале.

ПретходноИзненадувачки трансфер: Кристијано Роналдо се враќа во Италија!
СледноПричината поради која е поместено финалето на африканската Лига на шампиони е бизарна!