Иако успеаја да се вратат од 2:0, нашите одбојкари на крајот загубија минимално со 3:2 на гостувањето кај најголемиот ривал во битката за првото место во групата „Б“ од Европската сребрена лига. По мечот свое видување за средбата имаше младиот примач, Стојан Илиев.
„Ова беше навистина тежок натпревар. Се вративме по негатива од 2:0, изборивме еден бод и тоа ни дава одлична позиција за да се бориме за првото место и пласманот на финалниот турнир во Унгарија“, вели еден од младите надежи на македонската одбојка, Стојан Илиев.
Следниот меч за Македонија е на 1 јуни во Скопје против Албанија.