Оваа сезона семејството Седлоски има со што да се пофали на спортски план. Прво Гоце Седлоски со Шкупи ја освоија шампионската титула во ПМФЛ. Поранешниот македонски репрезентативец во првата сезона после 21 година му донесе пехар на тимот од Чаир.
Вечерва на титулата се радуваше и неговата ќерка, Андреа Седлоска. Македонската ракометна репрезентативка со својата екипа Локомотива Зазгреб славеа убедливо на дуелот со Умаг (36-19) и после долго време ја добија битката со Подравка за тронот. Седлоска беше стрелец на еден гол од исто толку обиди.
За Локомитва ова беше четврта титула во хрватскиот шампионат, последен пат пехарот го освои во 2014 година.