Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија 18-тата титула во женската ракометна лига на Македонија. Во финалето во доминантна игра го совладаа Металург со 25-19 и му се реваншираа за поразот во Купот на Македонија.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Симона Стојановска со осум, како и Николовска и Ѓорѓиевска со по четири гола. Голманката Наташа Антиќ имаше осум одбрани.
Кај Металург се истакнаа Трајковиќ и Божиновска со по шест гола. Голманката Амра Илјаз имаше добар настап и 12 одбани, сепак, не доволно за нејзиниот тим да направи нешто против „лавиците“ од Ѓорче.