ЛА Лејкерси заврши со потрагата по новиот тренер, откако после три години се рздели со Френк Вогел. Дарвин Хем кој никогаш немал искуство како прв стратег ќе ги води „езерџиите“. Тој сезонава работеше како помошник тренер во Милвоки бакс, во периодот од 2011 до 2013 беше дел од стручниот штаб на Лејкерс.
Оваа информација на социјалните мрежи ја потврди и Леброн Џејмс, кој му посака добредојде на Хем.
So damn EXCITED!!!!!!!! Congrats and welcome Coach DHam!! 👏🏾👏🏾👏🏾👏🏾👏🏾 #LakeShow💜💛
— LeBron James (@KingJames) May 28, 2022
Хем е поранешен кошаркар на Денвер, Индијана, Вашингтон, Милвоки и Детроит.