Астон Вила има големи планови за ова лето, а во еден од нив е Луис Суарез. 35-годишниот напаѓач го раскина договорот со Атлетико Мадрид и сега е слободен играч.
Суарез со овој тим беше поврзуван и во претходниот преоден рок, но не дојде до трансфер. Сега тимот од Бирмиген може да го донесе без финансиска надокнада.
Според последните информации раководството на клубот ја разгледува можноста дали може да ги исполни неговите високи желби за плата, како и неговата физичка подготвеност да го издржи напорниот ритам во Премиер-лигата, иако овој тим нема да игра во Европа.
Доаѓањето во Астон Вила за Суарез ќе значи кам-бек после осум години и соработка со Стивен Жерард, кој сега е тренер на тимот. Тие двајца се поранешни соиграч од Ливерпул. Во дресот на „црвените“ двајцата минаа четири и пол години, пред Суарез да замине во Барса во 2014 година.