Максимов: Да завршиме со добар резултат

198

Македонската репрезентација до 21. година веќе два дена се подгтвува за квалификациските дуело против Ерменија во Скопје, како и против Украина во Истанбул, последните два меча од тековните квалификации.
Ние немаме шанси за пласман, но сепак, селелекторот Канатларовски како и репрезентативците од старата но и новата генерација, посакуваат позитивен резултат, и пред се добра игра на овие дуели за да може да го поправиме рејтингот што е можно повеќе.

„Оваа селекција на Македонија поседува квалитет, можевме да освоиме многу повеќе бодови, одигравме неколку меча под нашето ниво, реално можевме да се бориме за многу поголеми цели. Овој квалификациски циклус имаше и свои позитивни работи, одигравме неколку одлични натпревари, против незгодни селекции како Ерменија и Украина. На мечот со Ерменија постигнав погодок, а Македонија славеше победа, се надевам дека одличната игра на тој меч ќе можеме да ја повториме и на 2. јуни пред домашните навивачи. На натпреварот со Ерменија ќе пристапиме со една единствена цел, а тоа е победа на домашен терен. Мораме да бидеме максимално сконцентрирани во текот на сите 90 минути, да ја посакуваме победата и да се бориме за секоја топка. Тоа од нас го бара дресот со национален грб, се надевам дека ќе се претставиме во одлично светло и на вистински начин да ги завршиме овие квалификации. Се надевам дека на двата последни меча од квалификациите ќе одиграме најдобро како што знаеме и умееме“ – вели Методиј Максимов.

 

 

ПретходноТотенхем со екстра засилување, доаѓа Иван Перишиќ
СледноМанев и Митровски и натаму дел од Академија Пандев