Маркез мора на операција, пропадна и оваа сезона

136

Шесткратниот светски шампион во Мото ГП шампионатот, возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, најави дека следната недела ќе мора повторно да ја оперира десната рака, поради што најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.

“Ќе одам на операција следната недела. Се чувствувам многу непријатно. Оваа сезона сфатив дека не уживам, многу патам, не можам да возам како што сакам“, изјави Маркез во пресрет на Италијанското ГП.

„Немам идеја како ќе мине се, тоа ќе го кажат лекарите по операцијата. Ќе помине долго време, се разбира, но време е да се направи тоа“, рече Маркез на прес-конференција, нагласувајќи дека неговата цел е да се подготви за 2023 година.

Пол-позицијата во денешните квалификации ја освои возачот на Дукати, Италијанецот Фабио Ди Џанантонио.

ПретходноУжасна организација: Употребен и „бибер-спреј“ за да се растераат навивачите пред „Стад де Франс“ (ВИДЕО)
СледноИлиев: Бодот од Романија е шанса за прво место во групата