На само неколку часа пред стартот на финалето во Лигата на Шампионите, од УЕФА пристигна одлука која нема да им се допадне на играчите, учесници во финалето, особено не на оние од Ливерпул.
Доколку вечерва слават во Париз, и го освојат трофејот, организаторот нема да дозволи членовите на семејствата на фудбалерите заеднички да прослават на теренот, нешто што беше обичај во изминатите години.
Освен тоа, билетите кои УЕФА ги додели за клубовите, однос но на име на фудбалерите значително се намалени. На играчите на Ливерпул и на стручниот штаб им се доделени вкупно 328 билети, пред се за сметка на навивачите, да добијат што е можно повеќе билети.
Од друга страна, на играчите на Реал доделени им се по 25 билети за нивните семејства.