Скромни 5 поени зад името на нашиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ во исклучително важната и голема победа на Валенсија на вториот четвртфинален меч од шпанскиот кошаркарски плеј-оф.
Вечерва на гостувањето кај Басконија, Валенсија славеше со 89-82 и го врати „брејкот“ по поразот на домашен терен, за решавачкиот трет меч, сепак, да се игра на теренот во Валенсија.
Димитријевиќ доби нешто повеќе од 12 минути на дуелот вечерва во кој освен 5-те поени имаше и 2 скока и 2 асистенции.