Ливерпул ќе има шанса да му се одмазди на Реал за поразот од пред четири години во Киев, додека пак шпанскиот тим ќе настројуваат да се стекнат со статусот бесмртни.
Реал на патот до финалето елиминираше силни тимови како ПСЖ, Челзи и Манчестер Сити, што доволно говори за силата на овој состав. На другата страна Ливерпул покаѓа супериорност против Интер, Бенфика и Виљареал.
Да се прогнозира фаворитот во финалето е неблагодарно. За Реал важи познатата фраза дека никогаш не губи во финале. но Ливерпул се здоби со победнички менталитет, што им дава право да се надеваат на пехар.
Ова ќе биде одлична пресметка на двајца силни стручњаци, Карло Анчелоти и Јирген Клоп.
Ливерпул: Алисон, Александер-Арнолд, Конате, Ван Дајк, Робертсон, Хендерсон, Фабињо, Кеита, Салах, Мане, Луис Дијаз.
Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Едер Милитао, Алаба, Менди, Крос, Каземиро, Модриќ, Валверде, Бензема, Винисиус Жуниор.
За Реал ова ќе биде шанса по 14. пат да стане првак на Европа, додека Ливерпул ја бара седмата титула.