Прекин во „Билјанини извори“: Ракометарите на Охрид и Е.Пелистер 2 влегоа во „клинч“ (ВИДЕО)

1628

Дуелот меѓу Охрид и Е.Пелистер во рамките на последното коло во плеј-офот во Супер лигата беше прекинат во 49. минута при резултат 17-18 за битолскиот тим.

На теренот настана хаос, а причината е брзото губење на нервите на Ѓорговски од таборот на Е.Пелистер 2 и Николов од тимот на ГРК Охрид. Битолскиот тим беше во одбрана, во напад беше Николов, Ѓорговски го турна, а потоа двајцата тргнаа да се пресметаат. Николов прв го удри противничкиот ракометар, па тргна хаосот на теренот.

На голема среќа брзо се смирија страстите, па немаше поголем инцидент.

Очекувано и двајцата беа најстрого казнети, Димитар Георгиевски ги исклучи.

ПретходноСпасеновски освои бронза на ЕП во карате во Турција
СледноПет коша на Димитријевиќ: Валенсија се избори за „мајсторка“ за полуфинале