Пролет го испрати Скопје во бараж за опстанок

67

Пролет го доби последниот меч од оваа сезона, во која се бореше за опстанок. Тимот од Кисела Вода не беше во опасност, но сепак местото не му беше во овој дел од лигата.

Ракометарите на Пролет вечерва го совладаа Скопје со 28-22 и го испратија во бараж за опстанок во елитата. Мартин Димов со девет погодоци го предводеше својот тим до триумфот, зад него со шест гола беше Жарко Пејовиќ. Леонид Киселовски со седум гола беше прв стрелец кај Скопје.

На втората средба одиграна денеска Радовиш пред своите фанови го совлада Прилеп со 25-23. Со триумфот, домашниот тим го избегна бараж дуелот за опстанок. Здравко Постолов со 10 гола беше прв стрелец, на другата страна Чантурија имаше осум гола.
ПретходноХАОС пред стадионот во Париз: Ново одложување на финалето во ЛШ (ВИДЕО)
СледноУжасна организација: Употребен и „бибер-спреј“ за да се растераат навивачите пред „Стад де Франс“ (ВИДЕО)