Серафимов за мечот со Бугарија: Не сме фаворити, шансите се изедначени

142

Никола Серафимов, одбранбениот фудбалер на Македонија ќе биде дел од претстојните четири меча од Лигата на нациите. Првиот предизвик е Бугарија на 2 јуни во Разград.
Македонија игра со Бугарија и Гибралтар во гости, а потоа со Грузија и Гибралтар на домашен терен.
Добро ги започнавме подготовките. Овие четири меча се играат за краток период ќе бидат предизвик како на физички така и на психички план. Знаеме дека сезоната е завршена, но тоа не би требало да претставува проблем затоа што и покрај напорната сезона секој е среќен што е тука и спремен е да го даде својот максимум.
Се надевам дека ќе го започнеме новиот циклус на Лига на нации со добро издание против Бугарија. Тоа е квалитетна репрезентација, но ние ако одиграме како што знаеме и умееме ќе ги освоиме бодовите“, вели Серафимов.

Овој натревар низ куларите се гледа и од друг аспект, не фудбалски, а што мисли за тоа Серафимов?
Ние како фудбалери не треба да мислиме за тој аспект. За нас е најбитно да се претставиме во најдобро светло, да победиме и ништо друго не не интересира“, изјави Серафимов.

За тоа дали Македонија ја гледа како фаворит во групата?
Мислам дека групата е изедначена затоа што има добри репрезентации, во денешно време сите играат фудбал и се случуваат чуда. Секој може да извади добар резултат против секого. Еве ние сме пример за тоа, докажавме дека можеме да ја изненадиме Италија и бевме многу блиску до СП. Затоа можам да кажам дека Македонија не влегува како фаворит на овој натпревар затоа што мечот се игра таму, на нивен терен и шансите за победа се еднакви“, кажа играчот за Залаегерсег.

ПретходноДавид Бабунски: Треба да продолжиме да се развиваме и да го потврдиме нашиот квалитет
СледноЛеклер најбрз во квалификациите во Монако