Македонскиот каратист Петар Спасеновски освои бронзен медал на Европското првенство во карате за сениори кое се одржува во турскиот град Газиантеп. Спасеновски освои бронза во категоријата до 84 килограми, откако во битката за медал славеше против турскиот каратист Мурат Оз.
Претходно, нашиот каратист однесе победи во двете кола до четврфиналето, каде беше подобар од Шпанецот Ибањез со 3:2, а во полуфиналето беше поразен од Хрватот Гарибовиќ со 3:0.