Тотенхем со екстра засилување, доаѓа Иван Перишиќ

474

Според трансфер експертот Фабрицио Романо, нов играч на тимот на Тотехнем е хрватскиот интернационалец и досегашен член на Интер, Иван Перишиќ. Договорот на Перишиќ со Интер истече летово и тој на менаџментот на клубот му објаснил дека има намера да го исполни својот сон и да заигра во Премиер лигата.

Па така, и покрај најавите дека Перишиќ ќе замине во Челзи, се случи сосема спротивното. Тој заминува во Лондон, но во друг клуб, во екипата на Тотенхем.

Деталите околу договорот допрва ќе бидат познати, но очигледно дека Тотенхем има намера сериозно да се засили за следната сезона кога ќе биде дел од Лигата на Шампионите.

ПретходноСпектакл во Муџело за пензионирањето на Роси
СледноМаксимов: Да завршиме со добар резултат