Тудор повеќе не е тренер на Верона

215

И покрај солидно одиграната сезона, и деветтата позиција на табелата во Серија А, тимот на Верона одлучи да не ја продолжи соработката со досегашниот тренер Игор Тудор.

Хрватот си заминува од клубот, со скор од 14 победи, 11 нерешени и 11 порази, а го презема во деветтото коло од изминатиот шампионат.

Претходно, Верона се раздели и со спортскиот директор, Тони Д’Амико, кој беше на оваа функција четири години.

 

ПретходноOдбојкарите поразени од Романија во драматичен натпревар
СледноТопката од финалето на ЛШ ќе оди на аукција, средствата одат во хумани цели