Maшини: Финалето во ЛШ ќе биде 70-ти меч за Мане и за Салах сезонава!

129

Се поголемиот број на натпревари е ризик за здравјето на фудбалерите, посочи проучување пред финалето на Лигата на шампионите. Двобојот против Реал Мадрид ќе биде 70-ти натпревар за дуото на Ливерпул Садио Мане и Мохамед Салах оваа сезона!

Поради тоа Меѓународниот сојуз на играчи Фифпро публикува резултати од проучувањето за оптоварувањето на повеќе од 1000 професионални фудбалери и тренери. Забележано е дека 72 од 265 одиграле 55 или повеќе мачеви, а тоа е многу и тренерите се согласуваат дека фудбалерите се изложени на ризик.

Препорака е фудбалерите да имаат пет дневен одмор меѓу натпреварите. Но тоа не е така во пракса.

Па така земајќи ги во предвид и предсезонските подготвителни натпревари, Мохамед Салах и Садио Мане ќе одиграат 15 натпревари повеќе од препорачаното, поточно вечерашното финале за двајцата ќе биде меч број 70 оваа сезона.

Тие освен што играа за Ливерпул во Премиер лигата, потоа ФА купот и Лига купот каде нивниот клуб ги освои трофеите, вечерва ќе играат финале на ЛШ. Претходно играа на Купот на Африканските нации и го играа и финалето, потоа играа баражи за Мундијалот 2022!

Двајцата сезонава поминале преку 200.000 километри пат.

Кај Реал Мадрид, Едер Милитао и Винисиус поминале најмногу километри сезонава, 128.000 километри за да играат за Бразил во квалификациите за СП 2022, како и за Реал Мадрид. Бензема одигра 53 натпревари.

ПретходноЛуис Суарез се враќа во Премиер-лига кај некогашниот соиграч од Ливерпул?
СледноНема фамилијарна прослава за освоен трофеј во ЛШ