Oдбојкарите поразени од Романија во драматичен натпревар

229

Oдбојкарската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето од Романија со 2-3 во драматичен меч во пет сета (22-25, 17-25, 25-23, 25-19 и 13-15). Сепак, македонскиот национален тим освои бод од овој меч од групата во Европската сребрена лига.

Домашните водеа со 2-0, но македонските одбојкари возвратија и го изедначија резултатот на 2-2 пред решавачкиот сет во кој беше неизвесно но во финишот посреќни беа Романците.
Капитенот Ѓоргиев со 27 поени беше најдобар наш поединец, Савовски и Маџунков додадоа по 10 поени.

Следната средба ја играме на домашен терен против Албанија.

ПретходноНавивачите на Реал со порака до Мбапе (ВИДЕО)
СледноТудор повеќе не е тренер на Верона