Анте Чачиќ и натаму ќе ги води Адеми и Ристовски

103

Искусниот стратег Анте Чачиќ и натаму ќе биде тренер на екипата на Динамо. Човекот кој ја доврши тукушто завршената сезона со титула за „Модрите“ доби продолжување на договорот на една година со можност и за нова соработка.

Со тоа Динамо ги разрешува сите дилеми околу иднината, и може слободно шампионот на Хрватска, на чело со нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски да се сконцентрира на предизвиците кои следуваат.

Динамо секако дека атакува на влез во групната фаза од Лигата на Шампионите, нешто што е редовна појава на Максимир изминатите сезони, а ете клубот смета дека токму Чачиќ е човекот кој може тоа да го испорача.

 

ПретходноМедведев лесно и против Кецмановиќ
СледноНавивачите на Реал со порака до Мбапе (ВИДЕО)