Откако беа пребродени сите административни пречки, од денеска американскиот милијардер, и косопственик на безбол тимот Лос Анџелес Доџерс, како и НБА тимот Лос Анџелес Лејкерс, Тод Боли и официјално стана нов газда на тимот на Челзи.
По деценскиот и тоа како успешен период на клубот под водство на Роман Абрамович, доаѓа ерата на Боли кој според договорот има обврска да инвестира 1.7 милијарди евра. Со ова и официјално завршува мандатот на Роман Абрамович како сопственик на Челзи, а истото се случува од добро познатите причини, односно неговата конекција со родната Русија, и санкциите кои Велика Британија.
„Челзи може официјално да потврди дека е постигнат договор за продажба на клубот на Тод Боли и ‘Клирлејк капитал’. Клубот ќе даде дополнителни информации во јавноста околу целосната трансакција наскоро“ – стои во соопштението на клубот.