Топката од финалето на ЛШ ќе оди на аукција, средствата одат во хумани цели

57

Топката од овогодишното финале на Лигата на шампионите ќе биде ставена на аукција, објави УЕФА. Специјално дизајнираната топка на која има сиви ѕвезди кои ја симболизираат ЛШ како и зборот МИР испишан на англиски и руски/украински јазик после финалето ќе биде продадена на аукција.
Собраните средства ќе бидат наменети за одделот за бегалци при Обединетите Нации со цел да се помогне на лушето кои се принудени да избегаат од Украина поради воениот конфликт.
Претходно од фондот на УЕФА се издвоени една милијарда долари за помош на децата бегалци кои се преселија во соседните држави.

ПретходноТудор повеќе не е тренер на Верона
СледноДавид Бабунски: Треба да продолжиме да се развиваме и да го потврдиме нашиот квалитет