Фенербахче сака да го донесе најдобриот плејмејкер во Европа

160

Фенербахче идната сезона сака да направи посилен тим кој ќе атакува на европската титула. Нов тренер на клубот ќе биде Димитрис Итудис, а веќе се работи и на засилувања во играчкиот кадар.
Според најавите од Шпанија, во Истанбул би можел да пристигне Ник Калатес. Фенер подготвува понуда за еден од најдобрите плејмејкери на стариот континент, кој од 2020 година настапува во Барселона.
Во својата богата кариера Калатес играше два пати за Панатинаикос, а настапуваше уште за Локомотив Кубан и во НБА лигата за екипата на Мемфис Гризлис.

ПретходноПолувреме без погодоци: Куртоа го спаси Реал, ВАР му поништи гол на Бензема (ВИДЕО)
СледноКанада и Финска ќе се борат за светското злато во хокеј