Реал Мадрид на неверојатен начин дојде до трофејот во Лигата на шампиони, во нокаут фазата беше неколку пати на работ на елиминација, но на крајот успеа да стигне дури и до тронот на Европа.
Својата прва титула во својата кариера ја освои и Еден Азар, кој пред три години дојде до тримот на Челзи за 120 милиони евра, поради честите повреди, тој не се изнаигра.
Иако беше подготвен за финалето, Азар не доби шанса, но тоа не го погоди, славеше како мало дете. За успехот на Реал Мадрид се славеше и на „Стендфорд Бриџ“ бидејќи Челзи ќе добие дополнителни пари од кралскиот тим.
Синоќа се активираше клаузулата во договорот меѓу двата тима, според која доколку Азар освои титулата во ЛШ, премиер-лигашот ќе добие 17 милиони евра.
Just remembered by Real Madrid winning the @ChampionsLeague @ChelseaFC will get £20 million for Eden Hazard as part of the deal.
— Frank Khalid (@FrankKhalidUK) May 28, 2022