„Ле Паризиен“: 10 фудбалери ќе добијат „клоца“ од ПСЖ

711

Авторитетниот француски весник „Ле Паризиен“ во сабота објави информација дека во ПСЖ со промената на спортскиот директор се подготвува вистинска „чистка“ која може да опфати скоро цел еден тим на ПСЖ.

Со именувањето на Португалецот Луис Кампос на директорското место ќе се направи вистинска револуција која ќе опфати сериозно олеснување на платниот список на тимот. Кампос веќе му најавил на газдата на ПСЖ дека планира да врачи откази на најмалку 10 фудбалери кои се на платниот список на францускиот првак.

Ако им се верува на изворите на „Ле Паризиен“, ПСЖ летово ќе се збогува со дури 10 фудбалери и тоа: Данило, Серхио Рико, Курзава, Керер, Диало, Паредес, Андер Ерера, Гуеје, Дракслер и Мауро Икарди.

ПретходноСадио Мане го информирал клубот дека летово сака да си оди од Ливерпул
СледноКлоп: Каде се игра догодина финалето? Истанбул? Тогаш да резервираме хотел!