Ливерпул побара од УЕФА да спроведе истрага за организацијата: Разочарани сме!

507

Уште една тешка ноќ е зад Ливерпул во Париз, беше поразен од Реал во финалето на Лигата на шампиони. Додека играчите беа на теренот, англискиот тим излезе со соопштение, поводот е скандалозната организација на самиот меч и хаосот кој настана пред стадионот.

„Многу сме разочарани од проблемите при влезот на стадионот и од безбедносната бариера во која се најдоа навивачите на Ливерпул оваа вечер. Франција! Ова е најголемиот меч во европскиот фудбал и навивачите на треба да доживеат сцени кои ги видовме вечерва. Официјално поднесовме барање за истрага, која ќе ги открие причините за овие неприфатливо проблеми“, обајви Ливерпул.

Мечот доцнеше точно 36. минути бидејќи организаторот не успеа да обезбеди нормален влез на навивачите, дури беше пуштен и солзавец. Имаше и такви кои ја прекокнаа безбедносната ограда.

ПретходноРекордерот Куртоа им ги затвори устите на Англичаните: Видов некои објави!
СледноВеличенствен дочек во Тетово за шампионките на ЖФК Љуботен (ВИДЕО)