Ростов среде Москва го подигна пехарот, седумте гола на Ристовска недоволни!

97
0

Ростов Дон ја освои титулата во рускиот женски шампионат. На втората средба против ЦСКА Москва за кого настапува Сара Ристовска оваа екипа беше поразена со минимални 29-28, но благодарение на позитивата од пет гола од првата пресметка дојде до пехарот.

ЦСКА не успеа да направи нешто повеќе и покрај одличната партија на македонската репрезентативка, која запиша седум гола од десет обиди.

Овој дуел беше далеку поизрамнет, ЦСКА водеше и со три гола разлика, но Ростов успеа да ја намали оваа негатива и да дојде до резултат вреден титула.
ПретходноНотингем Форест се врати во Премиер лигата по пауза од 23 години
СледноЕуро Никел го возврати ударот, ќе има „мајсторка“ во Битола