Репрезентацијата на Финска по четврти пат во историјата е светски шампион во хокеј на мраз. Вечерва во финалето во Тампере ја совлада Канада со 4-3 по продолженијата. Со тоа Финците комплетираа два трофеја за три месеци. Во февруари 2022 го освоија златото на Зимските Олимписки игри во Пекинг, а вечерва и СП.
На овој Мундијал Финците одиграа 10 натпревари и загубија само еден, во групата од Шведска.
А севкупно во 2022 година Финците одиграа 16 натпревари на големите турнири и победија на 15. Инаку на СП двапати славеа над Американците, во групата и во полуфиналето, а во четвртфиналето ги елиминираа Словаците.
Третото место и припадна на Чешка по победата над САД со 8-4.
GOLDEN! 🏆🇫🇮 @leijonat #iihfworlds pic.twitter.com/2SXjAPVTcn
— IIHF (@IIHFHockey) May 29, 2022